Репрезентативци на руската машка одбојкарска селекција.
AFP/EAST NEWSМашката одбојкарска репрезентација на Русија ѝ нанесе пораз на селекцијата на Германија и го освои златниот медал на Европското првенство што се одржуваше во Полска.
Финалето се одигра во неделата во Краков. Натпреварот заврши со резултат 3:2 во полза на руските одбојкари (25:19, 20:25, 25:22, 17:25, 15:13). Во составот на репрезентацијата на Русија 19 поени реализираше Максим Михајлов, Дмитриј Волков беше ефикасен со 14 поени. Во селекцијата на Германија се истакна Георг Грозер со 27 поени.
Бронзата на турнирот ја освои репрезентацијата на Србија, која исто така во пет сета ги победи Белгијците.
Руските одбојкари досега имаат победено само еднаш на Европското првенство – во 2013 година. Репрезентацијата на СССР го има освоено Европското првенство 12 пати, пишува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче