Орешкин: Европа е заинтересирана за нови инвестиции во руската економија

Министерот за економски развој на РФ Максим Орешкин.

Министерот за економски развој на РФ Максим Орешкин.

Сергеј Гунеев/РИА „Новости“
Министерот за економски развој на РФ Максим Орешкин изјави дека Москва успешно се справила со кризата за руската економија.

Министерот за економски развој на РФ Максим Орешкин изјави за пораст на интересот на европскиот бизнис за инвестиции во руската економија по поминувањето на кризата.

„Можам да кажам дека се справивме“, - вака министерот во интервју за НТВ одговори на прашањето дали поминала кризата за руската економија.

Тој исто така укажа на тоа дека во последниот квартал руската економија демонстрирала пораст од 2,5%, а обемот на акумулираните француски инвестиции во Русија достигнал 18 милијарди евра и додаде дека „инвестициската активност, што е многу важно за идниот раст, се обновува“.

Притоа Орешкин истакна дека новите санкции на САД им се закануваат на заедничките проекти на Русија и Европа, затоа што во односите меѓу државите од ЕУ и Вашингтон се појавува тензија, што може да ѝ попречи на соработката, пренесува „Известија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња