Бизнисмен од Санкт Петербург светски шампион во пушење пури

Човек пуши цигара.

Човек пуши цигара.

Константин Чалабов/РИА „Новости“
Русинот Александар Шагај со резултат од 3 часа, 6 минути и 15 секунди постави светски рекорд во пушење пура.

Победник на седмото Светското првенство меѓу пушачите стана бизнисменот од Санкт Петербург Александар Шагај, соопштува „Фонтанка.ру“. Cigar Smoking World Championship се одржа во хрватскиот град Сплит од 1 до 3 септември.

Учесниците се натпреваруваа кој најдолго од сите ќе може непрекинато да пуши една пура. Русинот со резултат од 3 часа, 6 минути и 15 секунди постави светски рекорд. Наградата беше пехар со големина на оние кои им се даваат на победниците во фудбал или на тениски натпревари.

Според правилата на шампионатот, учесниците беа должни да ја исечат и да ја запалат пурата за една минута и со не повеќе од две кибритчиња. Во процесот на натпреварот беше дозволено да се пијат благородни алкохолни пијалаци. Мерката до која требаше се допуши пурата беше обележана со панделка.

Шагај, како што пишува изданието, вторпат стана освојувач на ова првенство. Истата титула ја има добиено и поранешниот пратеник во собранието на Санкт Петербург Игор Коровин, пишува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња