Во Москва отворено најголемото училиште во Русија

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Photoshot / Vostock Photo
Училиштето има библиотека со фонд од 70 илјади наслови, лаборатории, радио студио и шаховски клуб.

Во московскиот реон Некрасовка е завршена изградбата на најголемото училиште во Русија кое може да прими 2000 ученици. Новото училиште го отвори градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, пренесува ИА РЕГНУМ.

Површината на училиштето е речиси 30 илјади метри квадратни. Освен училници, спортски сали и предавални, училиштето има библиотека со фонд од 70 илјади наслови, лаборатории, радио студио и шаховски клуб.

Собјанин изјави дека од Одделот за образование ќе побара на училиштето да му се даде сеопфатна помош – со опрема и методска поддршка. Институцијата ќе биде една од првите која ќе биде поврзана со системот на московското е-училиште.

„Училиштето е опремено со сето неопходно. Затоа овде, убеден сум, освен ѕидовите ќе биде висок и квалитетот на образованието“, изјави московскиот градоначалник.

За учениците со потешкотии во развојот се предвидени посебни спортски сали и посебни наставни програми. Училиштето ќе почне со работа на 1 септември.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња