Меѓународниот саем на книгата во Москва со повеќе од 500 настани

Книги.

Книги.

Гостите на јубилејниот Меѓународен саем на книгата во Москва, кој ќе се одржи од 6 до 19 септември во ВДНХ, ги очекуваат повеќе од 500 настани, вклучувајќи средби со автори, презентации на новитети на сезоната и конкурси.

Московскиот меѓународен саем на книгата се одржува од 1977 година. Првпат беше одржан пред 40 години, а досега се одржани 30 манифестации, така што годинава саемот одбележува двоен јубилеј, пренесува РИА „Новости“.

„Ова е единствениот книжевен настан од таква големина кој се одржува во меѓународни рамки. Годинава саемот ќе прими издавачи од 39 земји: од соседните земји до далечната сончева Куба. Руското издаваштво ќе биде претставено од издавачи од 60 региони на нашата земја. За време на петте дена на саемот ќе се одржат повеќе од 500 настани во 12 тематски простори“, соопшти службата за медиуми.

Изложбениот павилјон традиционално ќе биде поделен на зони, како што се „Книжевен салон“, „Книжевна кујна“, „Детска литература“, „Првиот микрофон“, „Книгата: простор на занимањето“, „ТВ Студио“, „Деловен простор“, „Главна сцена“ и други. Гостите на фестивалот ќе можат лесно да се ориентираат во тој простор, благодарение на едноставната навигација.

Саемот ќе биде одлична можност за љубителите на книжевноста да се сретнат со нивните омилени автори. Своите новитети ќе ги претстават Дмитриј Биков  со романот „Јуни“, Андреј Рубанов, номиниран за „Големата книга“, дебитантката Олга Брејнингер и многу други.

„Одржувањето на јубилејниот саем се поклопува со празнувањето на Денот на Москва и ќе биде интегрирано во програмата на активности, која оваа година ветува дека ќе биде преполна и богата“, се вели во соопштението.

Оваа година на саемот првпат ќе се одржи Фестивал на национална литература на  народите, кои Московјаните ќе ги запознаат со националните култури и нивните достигнувања, а ќе се одржи и традиционалната церемонија на доделување на наградата „Книга на годината“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња