GlobalFirePower со рејтинг на армиите: Русија втора, Македонија 122

Руска армија.

Руска армија.

mil.ru
Специјализираниот портал Globalfirepower објави рејтинг на најсилните армии во светот.

Како што се наведува во образложението за рејтингот составен од страна на воените експерти, при рангирањето се зема во предвид не само вкупната количина на оружје, туку и неговата разновидност, бројот на живата сила на армијата и нејзината резерва, нивото на финансирање на воената сфера, транспортната инфраструктура на земјата, производството на нафта и други фактори кои влијаат на одбранбената способност на земјата.

Исто така се наведува дека земјите на НАТО имаат во рејтингот бонус поради „теоретската распределба на ресурсите“.

Првото место на листата, според мислењето на воените експерти, го зазема армијата на САД, Русија е втора, додека трета е Кина.

Понатаму следуваат Индија, Франција, Велика Британија, Јапонија, Турција, Германија и Египет.

Армијата на Република Македонија го зазема 122 место. 

Вкупно во рејтингот се претставени 133 земји, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња