Лаборант.
Getty ImagesМинистерството за економски развој подготви мерки за зголемување на продуктивноста на трудот во Русија, пишува „Ведомости“.
Предлозите на министерството се дел од планот за забрзување на растот на БДП. Според основната прогноза на МЕР, раст на продуктивноста ќе се забрза од 1,6% во 2018 на 1,9% во 2020 година. Но во целната опција, која предвидува стимул, се очекува побрз раст: за 2,9% во 2020 година.
Зголемувањето на продуктивноста во оптимистичкото сценарио ќе додаде од 0,15 процентни поени на растот на БДП во 2018 година до 1 процентен поен во 2021 година, претпоставува министерството. За спроведување на програмата во рок од четири години ќе одат околу 30 милијарди рубли.
Потребните закони за програмата треба да бидат донесени до 15 март 2018 година, а мерките се поделени во два блока. Првиот - подобрување на условите за бизнис: создавање на федерален центар за компетенции, намалување на административните бариери, стимулирање на продуктивноста. Вториот блок е за пилот-проекти во кои учествуваат одбрани компании на кои државата ќе им помогне со плаќање на консултанти.
Во јуни медиумите објавија дека Министерството за економски развој изработило предлог-програма за зголемување на продуктивноста на трудот во Русија за чие спроведување ќе бидат потребни 29 милијарди рубли, пишува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче