„Форбс“ објави список на најбогатите семејства во Русија

Пари.

Пари.

ИТАР-ТАСС
Руското списание „Форбс“ објави рејтинг на најбогатите семејните кланови во Русија.

Како што пишува изданието во објаснувањето за рејтингот, вкупното богатство на десетте најбогати фамилии во минатата година е зголемено на 27 милијарди долари.

Според публикацијата, првото место во рангирањето по трет пат го зазема семејството Гуцериеви со вкупно богатство од 9,91 милијарди долари.

Второто место на рејтингот му припаѓа на семејството Ротенберг, чие богатство е проценето на 4,2 милијарди долари.

Третото место им припаѓа на браќата Анањеви, претседатели на Одборот на директори на „Промсвјазбанк“, со капитал од 2,7 милијарди долари.

На четвртото место се синови на првиот претседател на Татарстан Минтимер Шајмиев, Ајрат и Радик Шајмиеви. Нивното богатство се проценува на 2,215 милијарди долари.

Изданието истакнува дека при составувањето на рејтингот е земена предвид вредност на активата која им припаѓа на семејствата, а во списокот се вклучени само оние семејства кои го заработиле главниот дел од својот капитал приватно, односно не се државни службеници, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња