„Форбс“ објави листа на најбогатите жени во Русија

Елена Батурина.

Елена Батурина.

Е. Начитов/flickr.com
Елена Батурина повторно е најбогата Русинка.

Сопругата на поранешниот московски градоначалник Јуриј Лужков - Елена Батурина – го задржа првото место во рангирањето на најбогатите жени во Русија, соопштува „Форбс“.

Според списанието, за една година имотот на Батурина се намалил за сто милиони долари – на милијарда долари. Во рангирањето на 200 најбогати руски бизнисмени во 2017, сопругата на поранешниот градоначалник на Москва го зазеде 90 место. Покрај тоа, таа стана единствената Русинка која влезе на листата на најбогатите жени во светот - 1940 место.

Елена Батурина го развива хотелскиот бизнис во Русија, Австрија, Чешка и Ирска, а исто така инвестира и во недвижности и алтернативни извори на енергија во Европа.

Така, во 2016 година,таа купи за 10 милиони долари деловен простор во Њујорк. Тогаш нејзината компанија купи земјиште на Медитеранскиот брег на Кипар, каде што планира да изгради луксузен станбен комплекс во Лимасол.  Во овој бизнис Батурина планира да инвестира околу 40 милиони долари.

Второто место во рангирањето на најбогатите жени во Русија е за Елена Риболовлева со богатство од 600 милиони долари. Таа првпат влезе на листата на „Форбс“ минатата година по разводот од нејзиниот сопруг, милијардерот Дмитриј Риболовлев.

На третата позиција е претседателот на Одборот на директори на групата S7, Наталија Филева, чие богатство се проценува исто така на 600 милиони долари.

Во петте лидери исто така влегоа членот на Одборот на директори на „Прогрес на капиталот“ Олга Бељвцева (450 милиони долари) и извршниот директор на на онлајн продавницата Wildberries Татјана Бакаљчук (420 милиони денари).

Вкупното богатство на учесничките во рангирањето „Форбс“ го проценува на 7,3 милијарди долари, што е за 25 проценти повеќе од минатогодишниот резултат, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња