Приливот на туристи од Русија во Турција порасна за 11 пати

Хотелот Кремљовска палата во Анталија, Турција.

Хотелот Кремљовска палата во Анталија, Турција.

Александар Демјанчук/ТАСС
Во Турција годинава одмарале 2,1 милиони Руси.

Според првичните процени, оваа година почина во Турција одмарале 2,1 милион Руси, што е 11 пати повеќе отколку пред една година, соопштува Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР).

Најчесто странските туристи влегувале во Турција преку аеродромите во Анталија, Истанбул, Едрене, Мугла и Артвин.

Русите самоуверено водат меѓу странците според бројот на посети на Турција. Нивниот удел меѓу туристите во оваа земја изнесува 14,59%. Потоа според бројноста следуваат туристите од Германија со 11,13% (1,9 милиони луѓе), Грузија - 7,73% (1,3 милиони луѓе).

Турските власти предвидуваат пораст на туристичкиот прилив до 10 милиони луѓе годинава. Таква бројка може да се очекува во отсуство на негативни настани, изјави гувернерот на Анталија Мунир Каралоглу, пренесува „Росијскаја газета“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња