Модната колекција „Армија на Русија” ќе може да се набави преку интернет

XXX сезона на Mercedes-Benz Fashion Week Russia 2015. Презентација на специјалната долекција на дизајнерското биро „Армија на Русија“ (Армия России).

XXX сезона на Mercedes-Benz Fashion Week Russia 2015. Презентација на специјалната долекција на дизајнерското биро „Армија на Русија“ (Армия России).

Комерсант
„Военторг” планира на странските пазари да ја понуди облеката од колекцијата „Армија на Русија“.

„Военторг” планира на странските пазари да ја понуди облеката од колекцијата „Армија на Русија“, соопшти заменик-генералниот директор на компанијата Аркадиј Телепнев.

„Военторг“ засега не е застапен во странство со свои продажни места. Но ние имаме некои идеи за тоа како можеме да ја започнеме оваа работа. Најверојатно, како прв чекор, ќе ја прилагодиме нашата онлајн продавница за примање нарачки од наши купувачи од странство, за да можат тие да купуваат од далечина и да добиваат производи со симболите на руската армија“, рече Телепнев. Тој истакна дека во иднина прашањето за излегување на странскиот пазар ќе бара посериозна анализа.

„Во разговор со претставниците на модната индустрија, со производителите, сфативме дека нашиот бренд е доволно широк и има повеќе димензии. Одлучивме да ја следиме воената тематика, бидејќи воената тематика е историја, а историјата е љубовта спрема Татковината. Ова, без сомнение, ќе биде нашата насока“, рече Телепнев. Тој додаде дека се планира во иднина да се користат повеќе нови материјали и технологии во производството.

Заменик-генералниот директор на компанијата, исто така, соопшти дека „Военторг“ ќе ја претстави новата колекција на облека „Армија на Русија“ есен-зима на почетокот на ноември. „Денес веќе пуштаме, како што е вообичаено во модната индустрија, по две колекции годишно: есен-зима и пролет-лето. Сега е во производство колекцијата есен-зима 2018. Мислам дека ќе се најде во продавниците во октомври или на почетокот на ноември“, рече Телепнев, пренесува ТАСС.  

Според него, во новата колекција ќе биде продолжена темата на прикажување сцени од историски битки на облека. „Ние ќе ја продолжиме темата која веќе наиде на поддршка и популарност меѓу купувачите - тоа е темата на историските настани. Покрај тоа, се разбира, ќе воведеме и нови теми“, истакна тој.

„Мислам дека ќе продолжиме и со „сириската“ колекција, бидејќи е многу барана и ќе направиме дополнителна серија“, истакна тој. „Исто така, ќе продолжиме и со арктичката тема во облеката“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња