„Сириската” колекција на облека ги руши сите рекорди

XXX сезина на  Mercedes-Benz Fashion Week Russia 2015. Презентација на специјалната долекција на дизајнерското биро „Армија на Русија“ (Армия России).

XXX сезина на Mercedes-Benz Fashion Week Russia 2015. Презентација на специјалната долекција на дизајнерското биро „Армија на Русија“ (Армия России).

Комерсант
На облеката со маскирен дизајн за пустински услови се претставени војниците на Силите за специјални операции, пејзажи од Палмира и Алепо, како и бомбардерот Ту-22М3.

„Военторг­” почна со продажба на „сириска“ колекција на облека која ги руши сите рекорди по популарност, соопшти прес-центарот на „АрМИ-2017“.

Според претставник на прес-центарот, дизајнерите добиле инспирација за новата колекција од успехот на руската војска во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија. Колекцијата е сочинет од маички, панталони, шорцеви, бермуди, поло-маички и фустани.

„На облеката со маскирен дизајн за пустински услови се претставени војниците на Силите за специјални операции, пејзажи од Палмира и Алепо, како и стратешкиот бомбардер Ту-22М3”, објаснува претставникот на прес-центарот, пренесува „Рамблер“.

Тој додава дека новата колекција веќе се покажала како најпопуларна меѓу посетителите на Армиските меѓународни игри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња