„Форбс“: Сопругата на лидерот на Татарстан најбогата жена на функционер

Пари.

Пари.

Алексеј Куденко/РИА „Новости“
Сопругата на претседателот на република Татарстан Рустам Миниханов е најбогата жена меѓу жените на руските државни службеници и пратеници во 2016 година.

Според рејтингот на магазинот Forbes Woman, приходите на Гуљсина Миниханова во 2016 година изнесувал 2,35 милијарди рубли (33,6 милиони евра), додека на нејзиниот сопруг биле 7,5 милиони рубли (107,5 илјади евра).  Миниханова е косопоственик на компанијата „Лучано“, која се занимава со хотелски бизнис, спа и фитнес услуги.

Второто место со приход од 1,92 милијарди рубли (27,5 милиони евра) го зазеде Раиса Бреднаја, жена на пратеникот на Улан-Уденскиот градски совет Вадим Бредни, која е извршен директор на компанијата за производство на прехранбени продукти „Титан“.

Трета најбогата жена е Ољга Богомаз – сопруга на губернаторот на Брјанската област Александар Богомаз. Приходите на Олга Богомаз, косопственик на земјоделското стопанство „Богомаз“, изнесувале 864 милиони рубли (12,4 милиони евра), пренесува „Взгљад“.

Најбогат меѓу државните службеници, пратеници и раководители на државните корпорации за 2016 година, според магазинот „Форбс“, е Вадим Бредник, чие семејство имало приходи од 2,83 милијарди рубли (40,5 милиони евра).

Второто место на рејтингот го зазеде семејството на членот на Советот на Федерацијата Валерија Пономарева, додека на третото место е семејството на првиот човек на Татарстан Рустам Миниханов.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња