Хајперлуп.
Press photoВо интервјуто за ТАСС Џош Гајгел вели дека композициите на супербрзиот воз што го развива неговата фирма „Хајперлуп Уан“ во Калифорнија би можеле првин да се појават во некоја друга земја, вклучувајќи ја и Русија, отколку во САД.
„Воопшто не би ме зачудило доколку САД не би биле првата земја“, тврди Гајгел.
Затоа што, како што вели тој, „многу други земји се понапредни од аспект на регулаторните станарди и издавањето дозволи“.
Тој додава дека има сосем пристојни шанси првата земја во која ќе биде применет „Хајперлуп“ да биде Русија. Тој додава и дека не слушнал за некои американски санкции кои би можеле да ја осуетат реализацијата на наведениот проект на територијата на РФ. Гајгел истакнува и дека во овој момент компанијата води преговори за можно производство на супербрзи возови во ОАЕ, Финска и Холандија. „Хајперлуп Уан“ планира да започне со производство во 2021 година, меѓутоа засега не е јасно на која локација.
Гајгел тврди дека во овој момент калифорниската компанија успеала да привлече инвестиции од околу 160 милиони долари.
„Веруваме дека ќе ни бидат потребни уште неколку стотини милиони долари да дојдеме на нивото кое би ни овозможило да го започнеме производството“, изјави стручњакот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче