Се појави видео од уништувањето на бистата на маршал Жуков во Одеса

Споменик на маршал Жуков.

Споменик на маршал Жуков.

Фаузан Ал-Расјид/RBTH Indonesia
На интернет се појави видео запис на кој група екстремисти во украинскиот град Одеса најпрвин го руши, а потоа го „беси“ и на крај со чекан го крши споменикот на советскиот маршал Жуков.

На интернет се појави снимка на која се гледа како група екстремисти пирува уништувајќи го споменикот на советскиот маршал Георгиј Жуков во Одеса, Снимката е објавена на „Јутјуб“ каналот Сводки ополчения.

Група млади најпрвин ја соборува бистата од постаментот, а потоа на скулптурата околу вратот ѝ затегаат јаже и ја „бесат“. Вандалите потоа со смеење, со факели и со извикување поздрави на украинските помагачи на нацистите на западот на оваа земја во Втората светска војна „Слава ѝ на Украина. Слава им на хероите“ го фотографираат и на крај со чекан го кршат споменикот.

Непознатите лица ја уништија бистата на маршалот на Советскиот Сојуз во Одеса ноќта меѓу 23 и 24 август. Полицијата го одвезе скршениот споменик во службен аутомобил, пишува „Взгљад“, повикувајќи се на украински медиуми.

Агенцијата „Рамблер“ пишува дека во Одеса по тој повод е покрената кривична истрага за хулиганство, но и дека делови од споменикот се најдени во градот.

Спомениците од советско време се честа мета на вандалите во Украина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња