Министерството за здравство на РФ ја соопшти оптималната цена на вотката

Вотка.

Вотка.

Shutterstock
Министерството за здравство на Русија смета дека 300 рубли (4,30 евра) е оптимална цена за шише вотка затоа што, според мислењето на ресорот, ако вотката поскапува побрзо од инфлацијата, тогаш населението ќе почне да употребува послаби пијалаци.

Министерството за здравство на Русија смета дека жестоките пијалаци треба да поскапуваат побрзо од инфлацијата, пишува „Взгљад“.

Според информациите на изданието, Министерството за здравство на Русија испратило предлог до Министерството з финансии на Русија за промена на ставката на акцизата за жестоките пијалаци не од 2020, туку од 2018 година. Доколку во моментов минималната цена во малопродажбата на шише вотка од половина литар изнесува 205 рубли (2,94 евра), ресорот смета дека оптималната цена треба да изнесува 300 рубли.

Во март од Министерството за финансии на Русија изјавија дека минималната малопродажна цена на вотката во износ од 219 рубли за шише од 0,5 литри е висока.

Во јануари 2017 година премиерот на Русија Дмитриј Медведев наложи да се подготват промени на акцизната ставка  за алкохол и алкохолни производи со цел намалување на побарувачката на алкохолни сурогати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња