„Блумберг“ објави список на најбогатите Руси

Банкноти од 100 долари.

Банкноти од 100 долари.

Комерсант
Севкупното богатство на 28 руски милијардери за првите седум месеци од 2017 година пораснало за 9,756 милијарди долари.

Како што се вели во рејтингот на Bloomberg Billionaires Index (BBI), објавен во средата, најбогат меѓу Русите е главниот акционер на „Северстаљ“ Алексеј Мордашов. Неговиот имот за седум месеци пораснал за 247 милиони долари. Мордашов го зазема 53 место на најбогати луѓе во светот со 17,3 милијарди долари.

Владимир Потанин, чиј капитал се намалил за 27,3 милиони долари, има 16,6 милијарди и се наоѓа на 57 место.

На 72 место на листата е сопственикот на групата компании „Ренова“ Виктор Вексељберг. Неговото богатство се зголемило за 1,31 милијарда долари и изнесува 15,5 милијарди.

Првото место на најбогати луѓе во светот го зазема основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 90,8 милијарди долари, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња