Русија ќе го зголеми извозот на јаглен во 2017 година за 8%

Рудникот за јаглен Назаровски.

Рудникот за јаглен Назаровски.

Слава Степанов/GELIO
Според зборовите на заменик-министерот за енергетика на РФ Анатолиј Јановски, порастот ќе биде постигнат со зголемување на квалитетот на јагленот и флексибилната ценовна политика на компаниите.

Експортот на руски јаглен во 2017 година ќе порасне за 8% во споредба со минатата година и ќе достигне 185 милиони тони, изјави во интервју за ТАСС учил заменик-министерот за енергетика на РФ Анатолиј Јановски.

„Во 2017 година исто така очекуваме пораст на извозот на јаглен за 8%, на 185 милиони тони, во најголемиот дел во земјите од Азиско-тихоокеанскиот регион (АТР)“, изјави тој. Според него, порастот ќе биде постигнат со зголемување на квалитетот на јагленот и флексибилната ценовна политика на компаниите.

Притоа како најперспективни правци за Русија Јановски ги наведе Индија, Јужна Кореја и Јапонија. Испораките на јаглен во Кина остануваат стабилни.

„Прогнозираме дека извозот во земјите на АТР секоја година ќе расте за 4-5 милиони тони годишно. На тој план имаме добри можности, затоа што добиваме поквалитетен јаглен од нашите конкуренти“, изјави Јановски.

Тој исто така истакна дека обемот на испораките во западен правец ќе биде или стабилен, или ќе почне да се намалува. „Во источен правец регистрираме постојан раст“, констатира тој.

Русија годинава ќе постигне рекордно производство на јаглен – 400 милиони тони, истакна Јановски. Во споредба со 2016 година растот ќе изнесува 4%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња