Путин: Русија има резерви на јаглен за 500 години

Рудар.

Рудар.

Роман Шаленкин
Шефот на руската држава им го честиташе на рударите Денот на рударот, додавајќи дека во 2017 година држава во развојот на индустријата на јаглен ќе вложи 90 милијарди рубли (1,2 милијарди долари).

Во развојот на индустријата за јаглен годинава во Русија ќе бидат вложени 90 милијарди рубли, изјави претседателот на Русија Владимир Путин. Во салата за банкети на Кремљовскиот дворец шефот на руската држава на работниците во индустријата за јаглен им го честиташе во четвртокот Денот на рударот, притоа изразувајќи длабока почит спрема нивната работа.

„Огромните количини и големата разновидност на резервите на руди кои и има нашата земја историски го одредија нејзиното место меѓу водечките земји во рударската индустрија. А еден од големите дарови на руската земја е јагленот“, рече Путин, додавајќи дека Русија има резерви на јаглен за повеќе од 500 години.

Путин соопшти дека минатата година во развојот на рударскиот сектор се вложени преку 73 милијарди рубли. „За оваа година е планирано да се вложат 90 милијарди рубли. Средствата на инвеститорите се вложуваат во модернизација на претпријатијата, во воведување современи еколошки технологии, во создавање услови за безбедна, сигурна работа на рударите, во решавање на социјалните проблеми, како и во обезбедување на пласман во сферите како што се машиноградбата, градежништвото и сообраќајот“, истакна рускиот лидер, пренесува ТАСС.  

Успесите на оваа индустрија, како што истакна Путин, влијаат на јакнењето на енергетската безбедност и суверенитетот на Русија.

Шефот на руската држава истакна дека според сите прогнози јагленот со децении ќе биде меѓу трите основни извори на енергија и дека Русија, која има огромни резерви на овој енергенс, цврсто ќе ја држи позицијата на лидер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња