Огномети по повод Меѓународниот музички фестивал на воена музика „Спаскаја башња“ на Црвениот плоштад во Москва.
RIANПретседателот на Русија Владимир Путин испрати телеграма со честитки до учесниците, гостите и организаторите на фестивалот „Спаскаја башња“, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Фестивалот е познат по разновидната богата програма и особено живата атмосфера. Тој со право се смета од гледачите за очекуван, сакан настан, една од визит-картичките на нашиот главен град“, ја цитира телеграмата весникот„Известија“.
Шефот на руската држава изрази увереност дека манифестацијата ќе се одржи на високо ниво и ќе ги заинтересира сите љубители на класичната и современата музика, како и оние, кои со почит се однесуваат спрема воената историја на татковината.
Претходно во рамките на фестивалот се одржа настап на Кавалериската почесна придружба, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче