Тагански парк.
Tagansky ParkВоени оркестри од разни земји ќе одржат концерти во 12 паркови во Москва во рамките на фестивалот „Спаскаја башња“, во чест на 870-годишнината од основањето на Москва. Ова го изјави раководителот на Одделот за култура на градот Александар Кибовски на прес-конференција, пренесува РИА „Новости“. Настапи ќе има и на главните железнички станици на рускиот главен град.
Воено-музичкиот фестивал „Спаскаја башња“ ќе се одржи во Москва од 26 август до 3 септември.
„Од први септември кај нас во Москва почнува масовниот фестивал „Јубилејот на Москва“, каде ќе има цела низа простори, манифестации посветени на роденденот на главниот град... На втори септември ќе има цел комплекс настани, учесници во „Спаскаја башња“, вклучително и оркестри не само наши, руски, туку и гости од странство, ќе земат учество во нив“, изјави Кибовски.
Според него, планирани се вкупно дванаесет настапи во различни паркови. На пример, во паркот Кузмињки ќе може да се слушне оркестарот на Вооружените сили на Турција, во „Царицино“ – оркестарот од Узбекистан, во паркот Фили – оркестарот од Египет.
Раководителот на дирекцијата на фестивалот Сергеј Смирнов прецизира и дека странските учесници во фестивалот ќе настапат и на главните железнички станици во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче