Вечерва „Филмска ноќ“ ширум Русија

Кино-проекција во киното „Пионер“ во паркот Горки во Москва.

Кино-проекција во киното „Пионер“ во паркот Горки во Москва.

Сергеј Карпов/ТАСС
Акцијата „Филмска ноќ“ ќе се одржи во Москва и руските региони на 26 август на 2,5 илјади места, вклучувајќи кина, библиотеки, културни центри и паркови.

Како што претходно соопшти Министерството за култура на РФ, манифестацијата ќе ја посетат околу 600 илјади луѓе.

„Филмската ноќ“ ќе почне во Музејот на Москва. Почетокот на манифестацијата ќе го означи министерот за култура на Русија Владимир Медински.

Претходно раководителот на Одделот за култура на Москва Александар Кибовски изјави дека манифестацијата во главниот град на Русија ќе биде поврзан со претстојната 870-годишнина на градот.

Централното место ќе биде на територијата на Музејот на Москва, каде во спомен на актерот Алексеј Баталов ќе се прикаже филмот-добитник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 1958 година „Жеравите летаат“.

Во рамките на акцијата, меѓу другото, ќе се одржат и претпремиерни прикажувања на филмовите кои се очекуваат есенва – „Аритмија“, „Гогољ.Почетокот“ и „За љубовта. Само за возрасни“, пренесува „Известија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња