Милонов предложи подигање на возрасната граница за купување алкохол

Михаил Почуев / ТАСС
Милонов предложи да се зголеми границата на возраста со која може да се купува алкохол.

Денес во Русија алкохолот и цигарите можат да ги купат лица со навршени 18 години. Претходно во Државната дума во неколку наврати се предлагаше нацрт-закон со кој би се забранила продажба на овие производи на лица помлади од 21 година, но иницијативите не добија доволна поддршка.

„Имаме намера да го поставиме прашањето не само за скратено време за продажба на алкохол, ами и да иницираме истражување на јавното мислење за зголемување на прагот на возрасната граница за купување алкохол и тутунски производи на 21 година“, изјави Милонов за РИА Новости.

„Од гледна точка на научниците и на науката, и алкохолот и тутунот се отров за организмот. Зошто ги туркаме довчерашните ученици да пијат пиво со цигара? Мислам дека 90% од Русите ја поддржуваат идејата за подигање на возрасната граница за купување алкохол – мораме да ставиме железни пречки на либералното лудило за самоуништување на нашиот народ“, нагласи тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња