Патници на возот Ташкент-Москва на Казанската железничка станица во Москва.
Alexey Filippov/RIA NovostiПовеќе од половината Руси (58%) сметаат дека властите мораат да го ограничат приливот на работници-мигранти кои доаѓаат во Русија за да работат, велат резултатите од истражувањето агенцијата за истражување на јавното мислење „Левада Центар“.
Ова прашање не е од суштинска важност за 30% од анкетираните („сеедно ми е“). Позитивен однос спрема мигрантите имаат 16%, претпазливи се 27%, а рамнодушни 54%.
Спрема дојденците од Задкавказјето и Средна Азија мнозинството од анкетираните е рамнодушно (60 и 62%), негативен став имаат 28%, односно 27%, а позитивен 8%, односно 9%.
„Левада Центар“ истакнува дека во 2017 година нивото на етнофобија, тежнеење кон изолирање од претставници на други народи е на најниска точка од 2004 година, пренесува „Лента.ру“.
Истражувањето е спроведено во периодот меѓу 14 и 17 јули на примерок од 1601 лице постаро од 18 години во 137 населени места во 48 региони во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.