Ракета „Сојуз МС-04“ на космодромот Бајконур, Казахстан. 20 април 2017.
РојтерсВселенските летала МКА-Н по лансирањето во орбитата поради непозната причина не можеа да стапат во контакт со контролата. Стручњаците веќе повеќе од месец не успеваат да се поврзат со нив, пишува „Известија“.
Според весникот, иста судбина го снашла и сателитот „Искра-МАИ-85“ на Московскиот авијациски институт.
„Роскосмос“ се воздржува од коментари, без да ја потврди или негира информацијата за инцидентот со леталата.
Ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ со летало за далечинско сондирање на Земјата „Канопус-В-ИК“ и 72 мали сателити стартуваше од космодромот Бајконур на 14 јули.
На 8 август „Роскосмос“ соопшти за првата инфрацрвена снимка од леталото „Канопус-В-ИК“, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче