Во Русија расте бројот на луѓе кои сакаат да се здобијат со стручна спрема

Средношколци од Санкт Петербург.

Средношколци од Санкт Петербург.

Todd Prince
Во Русија се зголемува бројот на млади луѓе кои сакаат да добијат средно стручно образование или да учат за раководители со средно образование.

Како што изјавија од Министерството за образование и наука на РФ за RT, врз основа на мониторинг на приемната кампања во 2017, повеќе од 59% од учениците кои завршиле деветти клас од септември ќе почнат да учат за стручна спрема или специјалности во средно стручно образование (ССО).

Се очекува дека во новата учебна година на програмите за ССО ќе се запишат повеќе од 976 илјади ученици. Во изминатата учебна година оваа бројка изнесуваше 934 илјади, а пред две години - 910 илјади.

Според Министерството, на крајот на 2016 година најпопуларни меѓу младите Руси се струките готвач-кондитер, автомеханичар, заварувач, тракторист-машинист на земјоделски машини, фризер, електричар, продавач, мајстор за завршни градежни работи, мајстор за обработка на дигитални информации и мајстор за нискоградба.

Најмалку барани струки кај младите се оператор на кран, механичар за поправка на градежни машини и шивач.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња