Како изгледа инженерската иднина на Русија?

Со цел да ги покажат своите технички имитации и да учествуваат во натпреварувањата на ова место се собраа околу 300 учесници од целиот Сибир на возраст од 6 до 30 години. Извор: Леонид Каганов

Со цел да ги покажат своите технички имитации и да учествуваат во натпреварувањата на ова место се собраа околу 300 учесници од целиот Сибир на возраст од 6 до 30 години. Извор: Леонид Каганов

Додека возрасните разговараа за тоа што е тоа иднина и кога треба да се очекува таа, децата веќе ја реализираат својата фантазија во стварност. Пример за тоа е фестивалот „РобоСиб“ во Иркутск, кој ги собра на едно место најталентираните млади љубители на роботехниката од цел Сибир.

Околу илјада и петстотини екипи од 49 региони, повеќе од осум илјади деца и тинејџери, кои се занимаваат со инженерско творештво во 53 специјализирани ресурсни центри – тоа е всушност денешната роботехника во Русија. На ова место треба да се спомене постоењето на неколкуте фестивали кои се одржуваат секоја година и мултимилионските вложувања, кои постојано се исплаќаат за програмите за развој на роботехниката и на нејзината популаризација кај младите.

Остатоците од набрзина недојадените сендвичи заедно со металните делови, „вистински живи роботи“ во картонски кутии обвиени со алуминиумска фолија и два дена постојано шумење на пластични тркала – тоа е првиот иркутски фестивал на роботехника „РобоСиб“, кој се одржа во градот Ангара кон крајот на минатиот месец. Со цел да ги покажат своите технички имитации и да учествуваат во натпреварувањата на ова место се собраа околу 300 учесници од целиот Сибир на возраст од 6 до 30 години. 


Извор: Леонид Каганов

Во деновите на неговото одржување во иркутскиот СибЕкспоЦентар немаше ниту едно слободно место: на секој агол, каде и да се заврти човек се наоѓа нечие дело на инженерската мисла. Систем за полевање растенија, апарат за приготвување какао, робот-тенк, робот-екскаватор, робот-змија... Некои од нив додека се исклучени се одмораат настрана, некои се подготвуваат за натпреварувањата. 

На прв поглед задачата не е сложена – да се состават жолтите коцки и да се стават во кошниците – всушност е задача која се граничи со фантастиката. За да се натера роботот брзо и без проблеми да ја изврши зададената задача, без мајсторски раце и без техничка способност е невозможно. Тркалата не одат во вистинската насока, клештите одеднаш не сакаат да го фатат предметот, компјутерите заглавуваат, времето за извршување на задачата завршува... Децата, кои ги имаше најмногу, својот неуспех го прифаќаат многу тешко и со гнев ги фрлаат далечинските управувачи на земја, постарите, пак, се фаќаат за глава и мирно ги затвораат очите.

Научната фантастика во полза на реалноста
Познатиот руски писател-фантастичар Сергеј Лукјаненко ќе го посети Првиот Иркутски фестивал на роботехника „РобоСиб“, со цел со учесниците да разговара за технолошката иднина на Русија.

На неколку штанда роботите ставаат делови во кутии, итаат, обиколуваат пречки, креваат знаме, се подаваат... Децата со истиот натпис на маиците „Ние сме инженери на новото поколение!“, кои се протегаат на масите, ги вклучуваат програмите и го проверуваат напојувањето. Најмладите гости на фестивалот на ова место ги прават своите први роботи од Лего-коцки. Се чини дека само тука на едно место може да се видат толку деца, кои уште од детска градинка можат да разликуваат транзистор од резистор, па дури и знаат за што служат тие. 

А, зошто на човекот му се потребни роботи? На ова прашање учесниците на фестивалот имаат сличен одговор. Сега роботите, велат тие, најперспективно се користат во воената сфера и онаму каде е опасно да работат луѓето, на пример при собирањето на радиоактивен отпад. 

Всушност, роботехничките системи можат да го спасат човека не само од работа, туку и од незгоди. Вакви планови, на пример, има екипата ученици од Братск – на „РобоСиб“ тие донесоа модел на куќа, кој во случај на торнадо „се вкопува во земја“ и со тоа ги спасуваат жителите. На прашањето, колку би чинела изградбата на едно вакво живеалиште, на децата им е тешко да одговорат, но веднаш признаваат дека прашањето за цената на материјалите и на работата е еден од главните проблеми во реализацијата на проектот. 

Се чини дека само тука на едно место може да се видат толку деца, кои уште од детска градинка можат да разликуваат транзистор од резистор, па дури и знаат за што служат тие.

„Високите трошоци, секако, се минус. Но, животот на човекот е поскап, односно тој е бесценет“, се коригира самиот себе едно од децата, додека ја вклучува ламбата на покривот од моделот. Всушност, тој на детски начин е уверен дека порано или подоцна ќе се најдат пари за вакви важни проекти.

Но, за многумина учесници на фестивалот роботехниката е пред сè детска игра. Иако децата секој час ги спојуваат деловите на своите роботи, а за заштита на проектите од голема важност зборуваат на англиски, кога станува збор за сериозни планови, не е сè толку едноставно. Децата многу повеќе сакаат да зборуваат на поапстрактни теми, како што е местото на роботите во животот на човекот во иднина. 

„Сега правевме роботи за учество на конкретни натпревари, но сферата на примена на роботите е многу поголема, - се прекинуваат во своите говори учениците на лицејот ИГУ. – Сосема е можно иднината да се засновува на мешавина од вештачката интелигенција и човекот“. На прашањето дали е можно човекот во целост да биде заменет од страна на роботот, тие одговараа: „Засега не насекаде“. „Но, тоа е неизбежно“, им одговараат децата од Иркутското авијатичко техничко училиште, вклучувајќи ги своите модели, кои потсетуваат на гасеничарот БМП. 

А, додека децата фантазираат на темата на нашата техничка иднина, возрасните во нив ја гледаат иднината. Организаторите на фестивалот признаваат: вечното прашање што е тоа иднина и кога таа ќе настапи, повеќе не се поставува – очекуваната иднина е веќе тука и сега ги прави своите први роботехнички чекори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња