„Тој историски период има важно значење за нас во денешно време. Како што знаете, сега ја развиваме нашата соработка во хуманитарната сфера. Тоа се однесува на образованието, културата, развојот на туризмот“, пишува „Взгљад“.
Амбасадорот потсети дека властите на Русија и Кина веќе имаат изјавено за потребата да се развива „црвен“ туризам. Тој исто така истакна дека минатата година претставници на Улјановската област, Пермската област, Санкт Петербург и Далечниот Исток изразија заинтересираност за развојот на оваа насока.
„Местата на кои кинеските револуционери се наоѓале на времето се прекрасни места за посета, за разгледување. Мислам дека развојот на „црвениот“ туризам претставува нераздвоен дел за зајакнување на нашата соработка во хуманитарната сфера. Ние повеќе ќе им препорачуваме на кинеските туристи да ги посетуваат тие места“, додаде дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче