Началникот на Генералштабот на ВС на РФ Валери Герасимов
PhotoXpress.Ова се соопштува на „Твитер“ профилот на Министерството за одбрана на Русија.
„По налог на министерот за одбрана на Русија генерал на армијата Сергеј Шојгу за време на посетата на руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија, началникот на Генералниот штаб на Вооружените Сили на Русија им се заблагодари на сириските војници за храброста и херојството покажани за време на заедничките дејствија со ВКС на Русија против милитантите“, се вели во соопштението на Одделот за информации и масовни комуникации на Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Лента.ру“.
На Хасан Сухел му беше врачено писмо со благодарност од министерот за одбрана на Русија и трофејно ладно оружје, се вели во соопштението.
Ел Кадир беше заземен на 12 август во рамките на офанзивата во Источна Сирија. Тактичкиот десант на сириската армија беше подготвен со учество на руски воени советници. Во текот на десантот сириските војници беа покривани од руски јуришни хеликоптери Ка-52.
Како резултат на операцијата беа уништени штаб и складишта на милитантите, уништени два тенка и три оклопни возила. Министерството за одбрана на Русија ја нарече операцијата во Ел Кадир виртуозна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче