ВКС на Русија уништија борбена техника на терористите во Хама

Бомбардер Сухој Су-25 полетува од базата Хмејмим. 16 март 2016, Латакија, Сирија.

Бомбардер Сухој Су-25 полетува од базата Хмејмим. 16 март 2016, Латакија, Сирија.

Вадим Гришанин/ТАСС
Министерството за одбрана на Русија прикажа кадри од нападот врз транспортот на терористите на подрачјето на градот Акербат во сириската провинција Хама.

Како што соопштува Министерството за одбрана на Русија, владините сили на Сирија го завршуваат опколувањето на голема група на терористи на подрачјето на градот Акербат во провинцијата Хама.

Последниве неколку дена сириските владини сили со помош на Воздушно-космичките сили на Русија зазедоа низа клучни коти на подрачјето на Хсаја и Ес Саванет и ги лишија милитантите од последната рута за снабдување со муниција на подрачјето на Акербат, пренесува „Взгљад“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека терористите се обидуваат да избегаат од опкружувањето во мали групи со автомобили, автобуси и оклопни возила во правец на градот Деир ез Зор.

„Авијацијата на ВКС на РФ, за да не дозволи бегство на милитантите, врши 24-часовно извидување од воздух со примена на беспилотни средства, „откривајќи и уништувајќи оклопна техника, пикапи со тешко вооружување и автомобилски транспорт на терористите“, соопшти рускиот воен ресор.

Претходно министерот за одбрана на Русија, генерал на армија Сергеј Шојгу изјави за сериозни успеси на сириската армија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња