Тукушто венчани.
Сергеј Бобилев/ТАСССвадбената свеченост е неизбежна, но треба да биде во рамките на желбите и финансиските можности, сметаат мнозинството Руси (77%) во анкетата на Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ).
9% од анкетираните цврсто веруваат дека венчавањето мора да се прослави луксузно, додека 11% сметаат дека свадбената свеченост при склучувањето брак не е неопходна.
Русите се убедени да нема свадбена церемонија без венчавање кај матичар (75%), без пријатели и роднини (61%), како и без венчаница и одело (59%). Според мислењето на мнозинството испитаници, најдобро време за стапување во брак е лето или есен.
Интересно е дека само неколкумина успеаја да се сетат на традиционалните свадбарски обичаи, затоа само 11% како еден од обичаите го навеле откупот на невестата.
Телефонската анкета е спроведена на 9-10 август, во неа учествуваа 1200 луѓе. Можноста за статистичка грешка не надминува 3,5%.
Како што наведуваат од ВЦИОМ, Русите сега подоцна стапуваат во брак. Семејството го создаваат помеѓу 28 и 30 години, повеќе сакаат да „пробаат“ отколку да избрзаат и да направат грешка, пишува „ Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче