Мнозинството млади Руси (82 отсто) стапуваат во брак од љубов, велат резултатите од анкетата спроведена од Високата школа за економија и Рускиот државен социјален универзитет.
Желбата да се има деца како главен мотив за брак ја навеле 5-6 проценти од испитаниците, притисокот од родителите – 3%, и економската корист - 2 проценти. 86 проценти од испитаниците веруваат во придобивките од бракот.
Мнозинството притоа смета дека бракот треба да склучи официјално. Сепак, во моментов паровите пред да започнат семеен живот сакаат да се здобијат со образование, добра работа, да го запознаат партнерот подобро, истакнува професорот на факултетот за економски науки на ВШЕ Оксана Кучмаева.
Младите најчесто се запознаваат со својот иден брачен другар во клубови и при посета на пријатели (56 проценти). 21 процент се наоѓаат еден со друг на факултет, а 2 проценти - на социјалните мрежи.
Анкетата беше спроведена меѓу млади луѓе на возраст од 17 до 30 години, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче