Вработен во фабрика за знамиња со руско и турско знаме.
APВкупниот износ на руски инвестиции во турската економија во моментов изнесува околу 10 милијарди долари, изјави министерот за енергетика на Русија и копретседавач на руско-турската меѓувладина комисија Александар Новак, говорејќи на меѓународниот саем во Измир.
„До денес вкупната сума на инвестициски проекти (на руските) компании во Турција изнесува повеќе од 10 милијарди долари, толкав износ е вложен од турските партнери при реализацијата на проекти на територијата на Русија“, изјави тој, пренесува ТАСС.
Новак додаде дека во моментов се отвораат добри можности за инвестирање во индустријата, земјоделството, високите технологии. Министерот истакна дека за потенцијалот исто така ќе придонесе создавањето на заеднички инвестициски фонд кој ќе располага со средства во износ од повеќе од 1 милијарда долари. Тој ќе се фокусира на соработката во областа на изградбата на инфраструктура, здравството и изградба на објекти за трговија.
Покрај тоа, Новак истакна дека Русија и Турција планираат до крајот на оваа година да ја финализираат работата над договорот за трговија со услуги и инвестиции.
Најстариот турски меѓународен саем во Измир беше отворен во петок. Русија таму е претставена со голема изложба. На чело е на руската делегација е Новак, а организатор на руската изложба е Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче