Форум „Армија-2016“.
Максим Блинов/РИА „Новости“Повеќе од 300 претставници на странски воени ресори ќе го посетат Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2017“ кој ќе се одржи во Подмосковје од 22 до 27 август, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Тој изјави дека според бројот и содржината на настаните претстојниот форум ќе биде ненадминлив. Ќе учествуваат повеќе од 1200 претпријатија и организации кои ќе претстават повеќе од 18 илјади свои производи.
Како што рече Шојгу, се очекува форумот да го посетат повеќе од 100 делегации вклучувајќи околу 300 претставници на одбранбените ресори.
Традиционално ќе бидат одржани статични и динамични презентации во кои ќе учествуваат речиси 300 единици на современо вооружување. Првпат ќе може да се види како техниката дејствува во ноќни услови, рече министерот.
За една третина е зголемен бројот на настани во доменот на научната и деловната програма, планирани се повеќе од сто тркалезни маси, презентации, брифинзи, симпозиуми, како и две меѓународни специјализирани изложби, рече Сергеј Шојгу, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче