Бронзениот коњаник, споменик на Петар Велики на Сенатскиот плоштад во Санкт Петербург. 13.6.2006.
Сергеј Пјатаков/РИА „Новости“Споменикот на Петар Велики се наоѓа на Сенатскиот плоштад во централниот дел на Санкт Петербург. Уметникот одговорен за создавањето на оваа грандиозна скулптура беше Французинот Етјиен-Морис Фалконе. Официјалното отворање се одржа на 18 август 1782 година.
По наредба на царицата Екатерина II, следниот натпис е изгравиран на пиедесталот: „На Петар Први од Екатерина Втора“ (натписот исто така е напишан на латински јазик: PETRO primo CATHARINA secunda). Царицата ја потенцира нејзината посветеност на реформите на Петар.
Благодарение на Александар Пушкин, од 1933 година споменикот на Петар е познат како „Бакарниот коњаник“. Неговата поема во проза е посветена на скулптурата и големата поплава од 1824 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче