Медиум: Во Русија ќе се пуштат во оптек пластифицирани пари

Возрасна жена со руски банкноти во рацете.

Возрасна жена со руски банкноти во рацете.

AFP/East News
Централната банка на Русија планира да користи полимерен третман за производство на нови банкноти во вредност од 200 рубли и банкнота посветена на Светското фудбалско првенство-2018.

Ова го соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.

Се истакнува дека како резултат на тоа банкнотите фактички ќе станат пластични и ќе бидат заштитени од оштетување.

Полимерниот третман го зголемува животот на банкнотите за 3-5 пати. Исто така производството на полимерни банкноти ја намалува потрошувачката на енергија за 30% во однос на потрошувачката на енергија за производство на хартиени пари.

Притоа експертите сметаат дека можат да настанат проблеми во користењето на полимерните пари. Покрај тоа, нивното печатење е поскапо од печатењето на хартиените пари, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња