Многу од руските вина со висок квалитет доаѓаат од Крим.
Vostock-PhotoВластите на Република Крим планираат за период од пет години да ја зголемат површината на лозови насади од сегашните 13 на 50 илјади хектари, изјави министерот за земјоделство на регионот Андреј Рјумшин, пренесува РИА „Новости“.
„Целта е поставена- Крим во наредните пет години би требало да има 50 илјади хектари лозови насади“, рече тој. Во моментов, површината на плодоносни насади во регионот изнесува 13 илјади хектари, додаде тој.
Рјумшин напомена дека во претходните години во регионот е садено во просек 500 хектари годишно. „Го исполнуваме индикаторот – до 500 хектари (лозја) годишно, но задачата е да се врши засадување од 5 до 10 илјади хектари (годишно). Постојат потребните земјишта, постојат кои се подготвени да се направат тоа, но ние имаме проблеми со садниците“, изјави министерот.
Тој смета дека решавањето на проблемите со садниците ќе овозможи создавање сопствени расадници. „За година-две планираме да направиме свои расадници (за одгледување на садници на винова лоза), рече Рјумшин.
Во советско време на Крим имаше повеќе од 100 илјади хектари лозови насади. За време на „украинскиот период“ полуостровот загуби две третини од своите лозја. Таквите загуби Министерството за земјоделството ги припишува на „нестабилната финансиска поддршка на секторот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.