Пиво.
RBTHСпоред извештајот, приносот на јачмен во земјите-извознички е сериозно намален. Најзабележително е во Австралија, каде што приносот на јачмен ќе биде за 42% помал во споредба со минатата година. Во исто време, во Русија ќе има само 3% помалку принос од јачмен, соопштува „Дни.ру“.
Министерство за финансии на РФ, во меѓувреме, има намера да воспостави минимална цена на пивото во износ од 45-50 рубли (40-44 денари). Оваа мерка има за цел да помогне во борбата против сивиот сектор на пазарот. Во моментов минималната цена на пивото изнесува 30 рубли (околу 27 денари).
Како што е изјави директорот на Одделот за даночна и царинско-таксена политика на Министерството за финансии на РФ Алексеј Сазанов, мерките за воспоставување на минималната цена на пивото ќе се преземат кога ќе се појави потребата од борба против „сивите“ производители на пиво.
Експертите, меѓутоа, претпоставуваат дека цената на увезеното пиво во Русија нема да порасне, пренесува „Известија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче