Фудбалски хулигани.
Антон Денисов/РИА „Новости“Како што соопштува украинското интернет-издание Lb.ua, украинските навивачи објавиле примирје пред три години поради случувањата во земјата.
„Сепак вечерта на 11 август во близина на Олимпискиот стадион во центарот на Киев се случи масовна тепачка меѓу навивачите која мораше да биде прекината од полицијата“, соопштува изданието, пренесува „Взгљад“.
Според информациите на изворот, во тепачката се судриле 60 навивачи од групата „Сегедка“ од Одеса и 50 навивачи од групата „Родичи“ од Киев.
Како што соопштува изданието, „Родичите“ решиле да им објават војна на одеските навивачи поради тоа што фудбалските фанатици од Одеса одржуваат пријателски односи со руските навивачи на „Спартак“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче