Зошто руски функционери нарачаа 70 фиџет спинери?

Фиџет спинер на излог во продавницата Handspinning.ru во Москва.

Фиџет спинер на излог во продавницата Handspinning.ru во Москва.

Владимир Астапкович/РИА „Новости“
Се чини дека и руските политичари не се имуни на популарните фиџет спинери.

Фиџет спинерите го освојуваат светот. Секој е опседнат со малите гаџети, од хипстерите до... службениците во Санкт Петербург. Да, една од градските општини и официјално нарача не помалку од 70 (само во случај - тие се ротирачките играчки со лежиште во центарот и мали тегови на три пропелери). Нарачката е објавена на веб-страницата за јавни набавки.

Судејќи според износот, тоа во никој случај не значи скапа набавка. Вкупно 7116 рубли (118,6 американски долари) ќе се потрошат (101,67 рубли/1,6 долари за една играчка), но руската јавност може да биде малку скептична со оглед дека има дупки на патиштата кои треба да бидат пополнети и поправки кои треба да се направат. Очигледно фиџет спинерите се потребни за специјална лотарија која е дел од јавна прослава.

И покрај фактот што играчките беа развиени во деведесеттите години, Русија и остатокот од светот одеднаш полудеа по нив во 2017 година. Осамени продавачи во подземните премини, бензински станици, мали продавници - секој сака да заработи од најновата забава.

Неодамна руската компанија за накит „Кавијар“ најави серија на луксузни спинери.  Најскапиот ќе биде направен целосно од злато и ќе се продава на мало за неверојатни 999000 рубли (16866 долари). Русите се надеваат дека службените лица од Санкт Петербург нема да добијат погрешна идеја...

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња