Оптовареноста на гасоводот „Опал“ надмина 90%

Манометар на гасовод.

Манометар на гасовод.

Евгениј Бијатов/РИА „Новости“
Според податоците на „Гаспром“, оптовареноста на гасоводот „Опал“ надмина 90%, изјави првиот човек на компанијата Алексеј Милер.

Милер додаде дека притоа не е намален ниту обемот на транзит на гас преку Украина, пренесува „Взгљад“.

Претходно „Укртрансгас“ соопшти дека транзитот на руски гас преку Украина не се намалува, без оглед на пристапот на „Гаспром“ до дополнителни капацитети на гасоводот „Опал“.

Минатата недела беше соопштено дека по добивањето на пристап до 40% од дополнителните капацитети на „Опал“,  „Гаспром“ го зголемил транзитот на гас во Германија за повеќе од четвртина.

Претходно „Гаспром“ може да користи само 50% од капацитетите на „Опал“. Европската комисија дозволи користење на дополнителните капацитети на гасоводот уште во октомври 2016 година, меѓутоа потоа беше наложено ограничување поради тужбите на повеќе држави.

На тој начин, „Гаспром“ сега ќе ги користи сите дозволени капацитети на овој гасовод.

„Опал“ е продолжение на „Северен тек“ на територијата на Германија. Преку него може да се транспортира гас од Балтичкото море до границата со Чешка. Гасоводот ги поврзува „Северен тек“ и потрошувачите во Централна и Источна Европа, одминувајќи ја Украина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња