Архиви на ЦИА: САД го финансирале антисоветското подземје во Латвија

Жена им дава чаша млеко на војници на Црвената армија во Рига во 1944 година.

Жена им дава чаша млеко на војници на Црвената армија во Рига во 1944 година.

РИА „Новости“
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) од почетокот на 1950-те години активно го поддржувала антисоветското подземје во Латвија и во другите балтички земји, давајќи им сериозна финансиска и друга помош, се вели во декласифицираните документи од архивите на ЦИА кои го привлекоа вниманието на латвискиот печат.

Конкретно, порталот Rus.lsm.lv преведе на руски јазик неколку документи од кои се гледа дека разгледувањето на проектот под шифра ZRLYNCH почнало во ЦИА летото 1950 година.

Проектот предвидувал давање „соодветна финансиска помош“ и испорака на тнр. движење на отпорот, кои би му овозможиле „зајакнување на постојните илегални можности и да ги прошири тајните акции“. Зајакнатата илегала било планирано да се искористи за прибирање на разузнавачки информации, воспоставување на контакти со подземјето во „вистинскиот“ СССР, за ширење на пропаганда, а во иднина - за саботажа, економска и герилска војна, како и за други цели.

Материјали покажуваат дека во август 1950 година ЦИА одобрила издвојување на средства за антисоветското подземје. Потоа за овие цели се издвојувале прилично големи суми (за еден од проектите во 1953 година биле издвоени 134950 долари).

ЦИА издвојувала средства и за создавање на мрежи кои ги обединувале латвиските имигранти - особено, за издавање весник во Германија или за организација на обединувачка конференција во САД. Како агенти се предвидувало да се искористат „луѓе кои порано отишле на Запад, вклучувајќи ги и емигрантите и поранешните „шумски браќа“.

Речиси сите документи кои се поврзани со воспоставување на контакти со антисоветскиот отпор во Латвија преку латвиски емигранти во Шведска и Германија, носеле печат на врвна тајна. Пред објавувањето дел од оригиналната информација е отстранета, во некои случаи од документите се извадени цели страници, пренесува Delfi.

Архивите на ЦИА кои се однесуваат на проектот ZRLYNCH се достапни веќе неколку години. Вниманието на латвискиот печат кон документите може да се објасни со неодамнешниот скандал поврзан со објавувањето на НАТО за најавата на филм за активностите на тнр. шумски браќа на територијата на Латвија по завршувањето на Втората светска војна. Во Русија постапката на Алијансата предизвик болна реакција. МНР на РФ виде во нив обид за ревизија на исходот од Нирнбершкиот процес и историјата. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „шумските браќа“ биле на страната на германската окупаторска власт и учествувале во убиствата на илјадници цивили. Таа, исто така, истакна дека активностите на „шумските браќа“ во тоа време биле инструирани од страна на западните разузнавачки агенции, за она што на НАТО треба да му биде познато подобро од било кој друг, пишува newsru.com.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња