Путин со честитка по повод Денот на ВДВ

Припадник на ВДВ на воена вежба во базата Раевски, Новоросијск.

Припадник на ВДВ на воена вежба во базата Раевски, Новоросијск.

Николај Хизњак/РИА „Новости“
Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на војниците и ветераните на Воздушно-десантните сили на РФ Денот на ВДВ.

„Денеска ги чествуваме храбрите, силните по дух луѓе – оние, кои на повикот на срцето ја избраа за себе тешката, но одговорната и почесната служба во ВДВ“, се вели во честитката на Путин објавена на сајтот на Кремљ.

Претседателот истакна дека десантните единици најмногу од сѐ ги ценат законите на борбеното братство и заедно со другарите секој момент се подготвени да застанат во одбрана на Татковината.

„И се разбира, најискрени зборови на благодарност до ветераните од десантните единици. Со нивната храброст и јунаштво се создаваше историјата на легендарната „крилеста пешадија“, додава рускиот претседател.

Путин ја истакнува и сегашната генерација војници и офицери кои грижливо ги чуваат традициите на своите претходници и се справуваат со поставените задачи.

Денот на Воздушно-десантните сили во Русија се одбележува на 2 август врз основа на указот на претседателот на РФ од31 мај 2006 година, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња