Припадници на Воздушно-десантните сили на Русија го слават Илинден во Санкт Петербург.
Руслан Шамуков/ТАССКомандантот на Воздушно-десантните сили на Русија (ВДВ) генерал-полковник Андреј Сердјуков изјави дека традицијата на капењето на војниците на ВДВ во фонтаните на нивниот професионален празник може да биде поврзана со празнувањето на Денот на Илија-пророкот (Илинден), пренесува „Росијскаја газета“.
„Официјална верзија од каде дошло „капењето во фонтаните“ нема. Можно е тоа да е поврзано со Илинден, кој е заштитник на ВДВ. Покрај тоа, во Русија 2 август се сметал за последниот ден на летото за удобно капење“, изјави Сердјуков.
Тој исто така повика да не му се посветува многу внимание на „пливањето“ и да не се известува нашироко во медиумите за „граѓани кои премногу се опуштиле во шетањето“.
Претходно беше соопштено дека во Москва ќе биде ограничена продажбата на алкохол на Денот на ВДВ, пишува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.