Членовите на екипажот на МВС-52/53 мисија: астронаутот на Европската вселенска агенција Паоло Несполи (лево), космонаутот на „Роскосмос“ Сергеј Рјазањски и астронаутот на НАСА Ренди Бресник.
Евгениј Одиноков/РИА „Новости“Екипажот на вселенскиот брод „Сојуз МС-05“, по проверката на непропустливоста на приклучоците и изедначувањето на притисокот, пристигна на Меѓународната вселенска станица, соопшти RT, повикувајќи се на Центарот за контрола на мисиите, пренесуваат руските медиуми.
„Сојуз МС-05“, на кој се наоѓаа рускиот космонаут Сергеј Рјазански, американскиот астронаут Рендолф Бресник и италијанскиот астронаут Паоло Несполи, претходно се спои со Меѓународната вселенска станица.
Вселенскиот брод беше лансиран од космодромот „Бајконур“ во Казахстан на 28 јули во 18:41 часот по московско време.
Космонаутите ќе поминат 139 дена во орбитата. Во текот на експедицијата планираат да излегуваат во отворена вселена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче