Во Москва, Минск и Киев почна меѓународната трка „Три сестри“

Тркач.

Тркач.

RBTH
Спортисти-аматери од Русија, Украина и Белорусија ја започна веќе традиционалната трка „Три сестри“, посветена на Меѓународниот ден на пријателството. На 30 јули сите тркачи ќе се сретнат на тромеѓето меѓу овие земји.

За 30 јули е закажана средба на тркачи од трите земји кои тргнуваат од Москва, Киев и Минск и кои треба да се сретнат кај меморијалот „Три сестри“ на тромеѓето меѓу Русија, Украина и Белорусија, се вели во соопштението што го пренесува весникот „Взгљад“.

Најголемото растојание ќе го поминат руските тркачи - 640 километри, за што ќе им требаат околу 55 часа.

Во Москва стартот беше означен во 7 часот на 28 јули. Крајот на трката треба да биде во 15 часот на 30 јули, кога и се одбележува Меѓународниот ден на пријателството, утврден од страна на ООН.

Групите тркачи од Минск и Киев ќе стартуваат во сабота – Белорусите ќе треба да истрчаат 450 км, а Украинците 250 километри.

Преку својот пример тркачите сакаат да ја покаже важноста на дијалогот и заемното почитување меѓу соседните земји. Трката е светол пример на јавната дипломатија. Пријателските врски меѓуте тркачи од три земји се воспоставени одамна, не се прекинале, не се прекинуваат и сега.

Трката се одржува веќе трета година по ред - од 2015 година.

Информации за трката можете да прочитате на „Фејсбук“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња