Руската флота добива годинава ракетен брод со „Калибри“

Крстосувачка ракета „Калибар“ 3М-14Э

Крстосувачка ракета „Калибар“ 3М-14Э

voennoe-obozrenie.ru
До крајот на годинава Министерството за одбрана на Русија ќе го добие малиот ракетен брод „Ураган“ од проектот 22800, вооружен со крстосувачки ракети „Калибар“, изјави заменик-министерот за одбрана Русија Јуриј Борисов.

Борисов додаде дека во следниве шест месеци ќе се вршат испитувања на бродот кој веќе е целосно опремен, пренесува „Взгљад“.

Во саботата тој учествуваше во церемонијата на спуштање во вода на главниот мал ракетен брод „Ураган“. 

Борисов истакна дека „Ураган“ има сериозно вооружување.

„Тој по своите димензии, можеби е и мал, но многу опасен. Како што знаете, има во вооружувањето крстосувачки ракети „Калибар“ кои прекрасно се покажаа во сирискиот конфликт“, истакна тој.

Според него, „Ураган“ ќе биде вооружен и со противвоздушен ракетен систем кој ќе го штити бродот од воздух.

„Ова е страшно оружје, кое според нас, ќе доминира на внатрешните мориња на Руската Федерација и ќе обезбедува покривање на поблиската зона во Тихиот океан, во Северната флота, на Балтикот“, заклучи Борисов.

Тој исто така додаде дека малите ракетни бродови од проектот 22800 „Каракурт“ ќе бидат  опремени со поморската верзија на ракетниот систем „Панцир“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња