Претседателот на РФ Владимир Путин.
Global Look Press„Паметната бразлетна“ е првиот уред во светот кој го определува нивото на емоционален стрес, како и нивото на хидратација преку кожата“, изјави на состаноко на Надзорниот одбор на Агенцијата за стратешки иницијативи (АСИ) директорот на одделот „Нов бизнис“ на АСИ Артјом Аветисјан, пренесува „Взгљад“.
Според Аветисјан, уредот ќе биде корисен за оние компании каде се потребни информации за физичката состојба на вработените. „Сето тоа ќе оди во еден информативен центар , ќе се следи“, рече Аветисјан, додавајќи дека први клиенти можат да станат големите рударски и производствени компании кои работат на особено опасни места.
Рускиот претседател ја проба бразлетната, се заинтересира за нејзините функции и кога му беше објаснето дека бразлетната може да ги покаже и калориите што еден човек ќе ги изеде, коментираше: „Јадеш и на екранот се појавува количеството калории што си ги изел... Тоа е безобразие! Итно да се отфрли! Невозможно е да се живее така!“, се насмеа Путин.
„Важно е да се создаде средина, можности и услови за позитивни промени во регионите на Русија, да се обединат сите кои се подготвени да учествуваат во разработката и реализацијата на планови за развој, да споделуваат искуства. Тоа се и младината, и претприемачите, и волонтерите, и иноваторите“, рече Путин со сериозен тон, додавајќи дека „еден од овие центри на привлекување, место за комуникацијата, дискусии може и треба да стане „Точката на вриење“, која веќе работи во Москва, Санкт Петербург, Иваново и сега е отворена тука, во Карелија, во Петрозаводск“.
„Патем, ова е можност за регионот, за компаниите да најдат млади, амбициозни, перспективни кадри за работа во различни области, на различни нивоа“, рече Путин, истакнувајќи дека целата потребна организациска работа „беше спроведена многу брзо“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче