Шест руски компании меѓу топ-100 производители на оружје во светот

Ракетен систем „Топол-М“.

Ракетен систем „Топол-М“.

Рамил Ситдиков / РИА „Новости“
Американскиот магазин „Дифенс Њуз“ (Defense News) објави листа на стоте најголеми компании во светот кои се занимаваат со производство на оружје и опрема за воени намени.

Рејтингот е објавен на сајтот на „Дифенс Њуз“. Лидер меѓу руските компании повторно е концернот ВКО „Алмаз-Антеј“.

За 2016 година „Алмаз-Антеј“ го зазема 11 место со приход од 7,412 милијарди долари, споредено со 6,965 милијарди долари во 2015 година, кога рускиот концерн исто така го зазеде 11 место на листата.  

На 14 место се најде „Обединетата корпорација за изградба на авиони“ (Объединенная авиастроительная корпорация) со 5,636 милијарди долари приход (во 2015 година -  16 место со приход од 4,643 милијарди долари). 32 место го зазеде корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (Тактическое ракетное вооружение) чиј приход минатата година изнесувал 2,866 милијарди долари (во 2015 година - 37 место со приход од 2,387 милијарди долари).

На 45 место според верзијата на „Дифенс Њуз“ е „Уралвагонзавод“ со приход од 1,584 милијарди долари (во 2015 година – 60 место со 1,014 милијарди). 50 место го зазема концернот „Радиоелектронски технологии“ (Радиоэлектронные технологии) со приход во 2016 година од 1,365 милијарди долари (во 2015 година - 48 место со 1,678 милијарди долари). И 86 позиција на рејтингот ја зазема концернот „радиотехнички и Информациски системи“ (Радиотехнические и Информационные системы) со приход од 565,9 милиони долари (во 2015 година - 83 место со приход од 660,1 милиони долари).

Во 2015 година во топ-100 најголеми производители на оружје и опрема за воена намена имаше седум руски компании. Покрај споменатите, на листата беше и холдингот „Хеликоптери на Русија“  (Вертолеты России), кој не се најде на листата за 2016 година.

Првите три компании на рејтингот за 2016 година се „Локид Мартин“  (Lockheed Martin) со приход од 43,468 милијарди долари (40,596 милијарди долари во 2015 година), „Боинг“ (Boeing) со 29,5 милијарди долари наспроти 30,388) и BAE Systems со 23,621 милијарди долари наспроти 25,278 во 2015 година.

Распределбата на местата во топ-100 верзијата на „Дифенс Њуз“ се прави според  приходите од производството за воена намена, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња