С-400 во базата Хмејмим во Сирија.
Дмитриј Виноградов / РИА „Новости“Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган објави дека неговата земја купила руски ракетни системи С-400, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на турската држава истакна дека договорот за испорака на рускиот ПВО-систем е потпишан.
„Чекорите се веќе преземени и документите со Русија во однос на С-400 се потпишани. Со милоста на Алах, ќе ги видиме системите С-400 во нашата земја“, изјави тој.
Претходно беше соопштено дека условите за договорот за испорака на С-400 во Турција се договорени. Според висок извор во турската војска, се работи за четири дивизиони за вкупен износ од околу 2,5 милијарди долари. Два дивизиони ќе ѝ бидат предадени на Турција во рок од две години од потпишувањето на договорот, а уште два ќе бидат составени во Турција, пренесува „Лента.ру“.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков одби да ја потврди или демантира информацијата за склучен договор за испорака на системит С-400 на Турција.
„Нема да коментираме“, изјави портпаролот на Кремљ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче